Силен земјотрес регистриран југоисточно од Соломонските Острови

demo-image
 Земјотрес со јачина од 5,9 степени е регистриран денеска, на 146 километри југоисточно од градот Киракира, на Соломонските Острови, на длабочина од 23,5 километри во Тихиот Океан, соопшти американскиот Геофизички институт.

Според дел од западните медиуми, интензитетот на земјотресот бил 6 степени по Рихтеровата скала.

Нема информации за евентуални жртви или материјална штета, ниту за опасноста од цунами. 


Прочитај повеќе »