Никој не кажува каде завршуваат дел од парите од наплата на патарини во евра на странци

demo-image
 Никој не кажува каде се парите од разликата во сумата што странците ја плаќаат на патарините низ земјава. Ако македонските државјани, на пример, на патарината кај Миладиновци и Градско, за автомобили, плаќаат 60 денари, странците плаќаат евро и пол, или 92 денари. Разликата во вредноста во денари варира од 1 до 35 денари по патарина, зависно од видот на возилото. Откако вчера директорот на Јавното претпријатие за државни патишта рече дека разликата во сумата ја зема Народната Банка, оттаму остар демант. Соопшти дека нема никакви деловни релации и дека не е инволвирана во работењето на јавното претпријатие, ниту, пак, е вмешана во начинот на формирање на цените за наплата на патарините. 

„Народната банка нема никаква деловна релација со ЈП за државни патишта и произволната изјава дека Народната банка кога станува збор за железни кованици задржува 25-30% е крајно нејасна и конфузна. Следствено, не станува збор дека Народната банка на јавното претпријатие му наплатува некаква провизија или пак му задржува некаков процентуален износ“ - се вели во демантот од Народната банка.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта вчера рече дека разликата во сумата која им се наплаќа на странците во евра на патарините долж Македонија оди кај Народната Банка. И додека двете страни се препукуваат, граѓаните се уште не знаат на чија сметка одат овие пари и дали се употребуваат за исплатливи инвестиции или се предмет на злоупотреба.

Во иднина странците ќе плаќаат повеќе не само на 10-те патарини низ земјава. Ќе се градат и дополнителни 4, две на новата делница Демир Капија- Смоквица и уште две на автопатот Миладиновци- Штип. 

И покрај стремежот на земјава кон европските интеграции, наплатата на патарините засега не е дел од нив. Додека Европската Унија реши да ги отфрли вињетите и да го преземе во целост хрватскиот модел на плаќање врз основа на помината делница, а не на поминати наплатни пунктови, Македонија ќе воведе модел со при пејд картички. Од државни патишта уверуваат дека ова ќе профункционира до крајот на годинава, но само на Коридорот 10. Веќе биле обезбедени половина милион картички, а една ќе чини од едно до две евра.   


Тања Попова



Прочитај повеќе »