Без Ојлески, Марковски и Даксаловски против Словенија

demo-image

Ако сите очекувавме дека предводникот на националниот тим нема да се реши за тројца голмани во екипата сосема неочекувано доаѓа одлуката за изоставувањето на Ојлески и Марковски, но сигурно дека овој потег е дел од тактичката замисла на Раул Гонзалес како да и се спротивстави на Словенија во првиот настап на континенталниот шампионат.

Нашите ракометари претпладнево го одржаа единствениот тренинг во загрепската арена откако вчера се подготвуваа во домот на спортовите во хрватската престолнина. Нашиот состав на првенството влегува со амбиција да се продолжи низата на добри резултати во настапите на големите натпреварувања и повторно да се пласира во следната фаза. 

Сигурно дека сите во нашиот состав посакуваат во главната рунда да се пренесе и некој бод, а тоа може да се реализира со поволни резултати во соочувањата со Словенија, Црна Гора и Германија. 

На утрешниот меч се очекува жестока битка на теренот, но сигурно дека и на трибините ќе на нависоко ниво. ВО Загреб се очекуваат околу две до три илјади македонски навивачи, а се најавуваат двојно повеќе поддржувачи на Словенија. Првата рунда во нашата Ц група се отвора со мечот меѓу Црна Гора и Германија, а стартот е закажан за 17 часот и 15 минути додека од 19 и 30 почнува дуелот Македонија и Словенија.



Прочитај повеќе »