Апелација пресече, 11 осомничени остануваат во притвор во Шутка

demo-image
Апелациониот суд ги отфрли жалбите на 11 осомничени за 27 април и го прифати барањето на Вишото Јавно обвинителство во истражниот затвор Шутка да останат Митко Чавков, Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Оливер Поповски, Горан Ѓошев, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов и Илија Славески.

Иако Вишото Јавно обивнителство се откажа од мерката притвор за актерот Владо Јовановски и од Апелација побара мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор, Апелација го отфрли барањето со што Јовановски останува во Шутка.

Одбраната на осомничените пред Апелација на јавните седници истакна дека нивните клиенти немаат намера да бегаат затоа што немаат никаква вина.

Дел од бранителите сметаат дека Кривичен совет на Скопска еднициа по урнек ги пишувал решенијата за определување мерка притвор, затоа што како што рекоа дел од адвокатите за сите осомничени одлуките биле исти.
Веќе втор месец за 23 лица судот има изречено мерка притвор од кои 6 се во куќен притвор. Обвинителството за организиран криминал сите ги товари за тешко кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Денеска беше уапсен уште еден  осомничен од останатите 5 осомничени  кои последниот месец се бараа со меѓународна потерница.



Прочитај повеќе »