Тевдовски: Издадовме еврообврзница, но не грижете се - со ниската каматна стапка ќе заштедиме 90 милиони евра

demo-image
 Земавме еврообврзница, но не грижете со ниската каматна стапка ќе заштедиме 90 милиони евра, ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски за новото огромно задолжување од 500 милиони евра кои треба да ги вратиме во рок од седум години. 

Тевдовски истакна дека оваа голема сума на пари е земена за да се покрие буџетскиот дефицит, за плати во образование и здравство, за одбраната, но и враќање на поранешни долгови.

На прашањето, зошто додека СДСМ биле во опозиција, обвинувале дека ВМРО-ДПМНЕ се задолжува непотребно за зголемување на пензии и плати на администрацијата, а пак Тевдовски тоа го правда со ниската каматна стапка, а пак немало да се користи за жални врби, ниту пак, споменици. Според него, ова користење на средствата ќе било продуктивно. На реакцијата дека капитални инвестиции не е зголемување на пензии и плати, Тевдовски не одговори конкретно, правдајќи се иако ова е точно, најголем дел од средствата ќе оделе во враќање на долговите.

Според министерот  успех е што каматната стапка на новата еврообврзница е 2,75%, а пак побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над 7 пати повисока од понудата.

Вкупно 1,545 милијарди евра е долгот на државата заклучно со петата еврообврзница издадена во 2016 година, а со последната, од вчера, достигна околу 2 милијарди, без камати.

Во 2005 година беше издадена првата еврообврзница вредна 170 милиони евра со каматна стапка од 4,62 отсто, во 2009-та беше втората вредна 175 милиони евра со камата 9,87 проценти, во 2014 година третата во вредност од 500 милиони евра со камата 3,97 отсто, во 2015-та четвртата од 270 милиони евра и камата 4,87 проценти, а  во 2016 година еврообврзницата беше 450 милиони евра, а каматната стапка 5,62 отсто.



Мери Ѓорѓиевска


Прочитај повеќе »