Течат подготовките за големиот христијански празник Богојавление Водици

demo-image
 Трета година по ред локалната самоуправа и дебарско-кичевската епархија заеднички го организираат големиот христијански празник Богојавление Водици. За оваа црковно народна манифестација, секој сака да биде во градот кој е македонската духовна престолнина и центар на православието. И годината се формира координативно тело за што поефикасна организација во согласност со религиозните и традиционални норми и обичаи.

Од понеделник, сите капачи кои ќе сакаат да скокаат во осветените езерски води, со надеж дека чесниот крст ќе се најде во нивните раце, а претходно ќе подлежат на медицински преглед, ќе можат да се пријават во сите парохиски цркви каде што ќе има богослужба. Во месноста Сараиште на пладне свештени лица ќе вршат и групно крштевање. Својот дел од обрските го исполнува и организациониот одбор.

Во текот на јануарските денови покрај Богојавление, се нижат многу верски празници. Утрешниот празник Василица кој е познат по вевчанскиот карневал, ќе го одбележи и Охрид со концерт на групата Љубојна на гратскиот плоштад. Таткото на градот, со апел до сограѓаните: Мала една опомена до граѓаните затоа што знаеме што се случува за тој празник, да нема премногу пиење, да нема премногу инциденти и да помине се онака како што сите овие денови кои што ги вклопивме во агендата, од 20-ти до 20-ти поминуваат мирно, нетензично. 

Паралелно и од локалната се подготвуваат за Богојавление и како и секоја година, се надеваат на масовна посетеност, бидејќи и овој верски празик треба да биде искорисен за промоција на градот Охрид.


Росица Голабоска


Прочитај повеќе »