Туск: Историјата на Балканот е подраматична од „Игра на тронови“

demo-image
 Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск синоќа оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијалот „Игра на тронови“, иако, како што наведе, во регионот нема змејови.

- Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Стабилноста, безбедноста, просперитетот, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат. Цел на Европа е да помогне тоа сценарио да стане реалност, изјави Туск во Софија на церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија.

Тој оцени дека е добра работа што иднината на Балканот е еден од приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.

Туск ги изненади сите присутни во салата на Народниот театар со тоа што целиот говор му беше на бугарски јазик. 



Прочитај повеќе »