НБРМ: Продолжува закрепнувањето на економијата

demo-image
 Народната банка  оцени дека во последниот квартал лани економијата продолжила да закрепнува, како последица на активноста во индустријата и трговијата.

- Досега расположливите високофреквентни  показатели за активноста во последното тримесечје  од минатата година, генерално упатуваат на понатамошно закрепнување на економијата,  по падот на економската активност во првата половина на минатата година и умереното закрепнување во третиот квартал, соопшти по денешната седница Комитетот за оперативна монетарна политика на  Народната банка на Република Македонија.  

На ваква констатација, според НБРМ, посочуваат податоците за активноста во индустријата и во трговијата, додека градежната активност продолжи да се намалува. Воедно, според НБРМ, на подобри економски услови во последното тримесечје посочуваат и показателите за економскиот сентимент на економските субјекти.


Прочитај повеќе »