Завршни подготовки на ракометарите пред ЕП во Хрватска

demo-image
Репрезентативците за хрватската престолнина заминуваат в четврток, а како што најави селекторот Раул Гонзалес конечниот список на патници за Загреб ќе биде познат непосредно пред тргнувањето за хрватската престолнина.

"Имаме време. Имаме да одработиме уште неколку тренинзи пред да заминеме за Загреб. Ќе видиме како ќе тренираат, каква ќе биде екипата. Лазаров има малку проблем со грбот, Немања Прибак е многу подобро, но мора да тренира, па да видиме како ќе изгледа тоа. Со колку играчи ќе патуваме во Загреб? И тоа не знам, се зависи од тоа како ќе се работи на тренинзите", изјави македонскиот селектор.

На стартот од првата фаза в сабота играме против Словенија, на 15-ти противник ни е Црна Гора, а два дена подоцна се соочуваме со Германија. Пласман во следната фаза обезбедуваат трите првопласирани селекции во групата.



Прочитај повеќе »