Жена почина, седум повредени во сообраќајка во тетовско-полицијата алармира за зголемување на бројот на несреќи

demo-image
32 годишна жителка на селото Урвич починала, а нејзиниот сопруг во сериозна здравствена состојба е задржан на скопските клиники, по синоќешната несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. ”Опел корсата”  на сопружниците се судрила со “Форд куга” со швајцарски таблици, во која се превезувале пет лица, од кои две деца, но сите со лесни телесни повреди пуштени се на домашно лекување. Десетина минути по оваа сообраќајка, од другата страна на автопатот, 64 годишен пешак од Камењане, веројатно во обид  да види и помогне на повредените, бил удрен од возило и со тешки повреди и тој е пренесен во Скопје.

Споредбено со минатогодишниот декември, бројот на сообраќајки е значително зголемен, алармираат во тетовската полиција.

Контролите на тетовската полиција ќе продолжат со поинтензивно темпо, особено периодов, кога има прилив на десетици илјади возила на иселениците. Се препорачува внимателно возење и запазување на брзината-како една од главните причини за сообраќајките.

Милена Вучевска


Прочитај повеќе »