Словенија: Венчавки наскоро без кумови

demo-image

 Во почетокот на идната година во Словенија стапува на сила закон со кој Словенците ќе можат да се венчаваат без присуство на кумови. Предбрачните договори ќе бидат отворена законска можност, јавија словенечки медиуми.

Досега во таа држава беше со законска обврска присуство на кум на венчавка, но законодавецот прифати толкување дека нивната класична улога, како лице кое потврдува идентитет на младоженците, во современото општество е непотребна.

Младенците во иднина пред началникот на општина, кој ќе биде во функција на матичар, ќе можат да се идентификуваат само со лични документи, а кумовите како сведоци ќе бидат на церемонијата само ако тоа го сакаат младенците.

Со новиот закон се отвора можност и за предбрачен договор за регулирање на имотните односи на сопружниците, како и заверена изјава за одредување кој ќе преземе грижа за децата во случај на смрт или трајна неспособност сами да остваруваат родителски права. 



Прочитај повеќе »