„Форбс“: Вин Дизел најпрофитабилен актер

demo-image

 Вин Дизел го победи својот колега од филмот „Брзи и бесни 8“, Двејн Рок (Карпата) Џонсон како најпрофитабилен актер за 2017 година, објави „Форбс“.

Тоа се должи и на тоа што Дизел се појави во главна улога во уште еден филмски хит што излезе годинава - „ХХХ 3: Враќањето на Ксандер Кејџ“, којшто досега заработи 1,2 милијарди долари. Додека пак, „Брзи и бесни 8“ заработи 1,6 милијарди долари.

„Чувари на плажата“, каде што главниот лик го глуми „Карпата“, кој заработи 1,5 милијарди. На трето место на листата на „Форбс“, се наоѓа „Вондер вуман“ Гал Гадот, со заработка од 1,4 милијарди долари.

„Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотсон го зазеде четвртото место, со заработка од 1,26 милијарди долари.

„Последниот џедај“ пак, чијашто ппремиера се случи неодамна, го вметна и Џон Бојега на листата, кој се појави и во неколку помали проекти. 



Прочитај повеќе »