Денот на благодарноста во Њујорк ќе биде прославен под најстроги безбедносни мерки

demo-image

Властите во Њујорк воведоа најстроги безбедносни мерки поради денешното празнување на Денот на благодарноста, бидејќи во минатогодишниот број на англиското списание на екстремистичката група Исламска држава, одбележувањето на празникот се наведува како „одлична мета“ за напад. 

Безбедносните служби најмногу ќе бидат сконцентрирани на парадата, што традиционално се одржува секоја година. 

Покрај големиот број на припадници на полицијата кои ќе ја контролираат состојбата, распоредени се и десетици камиони натоварени со песок со цел да ги заштитат лицата кои ќе бидат на улиците на Њујорк.



Прочитај повеќе »