Победи на Кливленд и Голден Стејт

demo-image

Кливленд со подобра игра во второто полувреме успеа да направи пресврт и да слави на гостувањето во Њујорк со 104:101.

ЛеБерон Џејмс забележа 23 поени, 12 асистенции и девет скока, Кајл Корвер додаде 21 поен, а Двејн Вејд впиша 15 поени и пет додавања. 

Во поразениот тим Тим Хардавеј мечот го заврши со 28 поени, 10 освоени топки под обрачите и пет асистенции, Енес Кантер имаше учинок од 20 поени и 16 скока додека Кристапс Порзингис постигна 20 поени. 

Шампионот Голден Стејт триумфираше над Орландо со 110:100. Лидер во победничкиот состав со 21 поен, седум скока и осум додавања беше Кевин Дурент, Дрејмонд Грин беше стрелец на 20 поени, а Шон Ливингстон имаше 16 поени и шест асистенции. 

На спротивната страна Никола Вучевиќ постигна 20 поени додека Еван Фурние додаде 16.

Во останатите натпревари:

Вашингтон  - Сакраменто           110:92

Милвоки  - Мемфис           110:103

Њу Орлеанс  - Атланта          106:105

Феникс  - ЛА Лејкерс             93:100

Јута  - Минесота             98:109

Портланд  - Денвер        99:82 и

ЛА Клиперс - Филаделфија              105:109



Прочитај повеќе »