Фудбалските надежи ја прегазија конкуренцијата

demo-image
Генерацијата на фудбалери предводена од Вујадин Станојковиќ триумфално го заврши првиот сегмент од квалификациите за континенталниот шампионат.

По победите над Белгија и Швајцарија во последното коло совладан е Лихтенштајн. Серијата погодоци ја отвори Дарко Чурлинов во шестата минута, а четири минути подоцна на 2:0 зголеми Бојан Колевски. До крајот на првиот дел гостинскиот голман Армандо Мајер уште еднаш ја вадеше топката од својата мрежа, а стрелец на голот беше Димитар Митровски во 25-тата минута.

Во продолжението постигнавме уште три погодоци, а прв во листата на стрелците се запиша Митровски во 54-тата минута. Осум минути подоцна Бојан Миовски зголеми на 5:0, а конечните 6:0 ги постави Митровски во 73-тата минута.
Нашата селекција како првопласирана се пласираше во следната фаза и ова е првата генерација на македонски фудбалери кои еден циклус го завршуваат со максимален учинок.

Второто место во групата го освои Белгија која во решавачкиот меч ја совлада Швајцарија со 5:3.



Прочитај повеќе »