Нов дебакл на репрезентацијата до 21 година

demo-image
Нашите фудбалски надежи денеска доживеаа пораз од 4:0 во дуелот против селекцијата на Австрија и по само четири одиграни натпревари ги загубија шансите да се пласираат на една од првите две позиции во групата.

Фудбалерите играа под нивото посебно во одбраната и на противникот му овозможивме лесно да постигнува погодоци. Австрија поведе со погодокот на Арнел Јакуповиќ во 11-тата минута, а во 26-тата Матијас Хонсак зголеми на 2:0.

Нашите фудбалери имаа можност да постигнат погодоци, но обидот од слободен удар на Константин Џешмеџиев голманот на гостите успеа да го одбрани, а потоа и шутот на Елиф Елмас , Гартлер успеа да го скроти.

Во 36-тата минута Конрад Ламер зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Јакуповиќ со погодокот во 54-тата минута.

До крајот на мечот нашата селекција имаше можност за почесен погодок, но ударот од 11 метри што го изведе Бесир Исени, Гартлер успеа да го одбрани.



Прочитај повеќе »