Најмалку петмина загинати во вооружен инцидент во Калифорнија

demo-image

Најмалку пет лица загинаа, а две деца се повредени денеска, кога вооружен маж отвори оган во градот Ранчо Техама во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.

Според полицијата, напаѓачот пукал по жртвите по случаен избор, по што бил убиен од страна на еден од замениците на локалниот полициски шериф. 

Кај напаѓачот била пронајдена полуавтоматска пушка и два пиштоли.

Инцидентот се случи во близина на основно училиште во 8:00 часот по локално време (17 часот по средноевропско време).

Според полицијата, најверојатно станува збор за „инцидент поврзан со семејно насилство“.

Ранчо Техама се наоѓа на 184 километри северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто. 



Прочитај повеќе »