Русија ги отфрли критиките на Меј како неосновани и неодговорни

demo-image

Руското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на критиките кои британската премиерка Тереза Меј ги упати кон Русија за злоупотреба на медиумите за политички цели.

Според портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова, британската премиерка дала неодговорна и неоснована изјава. 

- Нејзините изјави делуваат цинично имајќи ги предвид британските активности во Ирак и Либија од кои настрадаа милиони лица и се дестабилизираа цели региони, изјави Захарова.

Според неа, Велика Британија се соочува со политички проблеми по одлуката да ја напушти Европската унија и одбрала да се конфронтира со Москва претставувајќи ја Русија како надворешен непријател.

Во своето обраќање вчера, Меј го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „се обидува информациите да ги претвори во оружје“, дека ги поттикнувал судирите во источна Украина и ја организирал анексијата на Крим, како и за мешање во внатрешните политички прашања на западните земји преку хакирање и објавување на компромитирачки информации. 



Прочитај повеќе »