Наплив на мигранти на грчките острови, Македонија на удар

demo-image
Грција се полни со мигранти. Тамошните медиуми деновиве  предупредуваат дека има драстично зголемување на бројот на бегалци и мигранти на грчките острови на Егејот, кои и за време на минатиот  мигрантски бран беа преполни. Според „То Вима“ состојбата во прифатните центри повторно станува критична. Властите се во паника и стравуваат за повторување на големиот мигрантски бран кој ја обележа 2015 година.

Прашање на време е кога овој нов бран мигранти ќе пристигне на Балканот, односно на границата со Македонија.  Како што е познато, Европа веќе подолго време стравува од нов ваков бран, кој може да биде поголем од тој во 2015 година кога над два милиони луѓе од  главно од Сирија, Авганистан и Ирак завршија  на европскиот континент, а голем дел од нив минаа токму низа Македонија.

Политиката на минатата влада беше да  им се овозможи ма бегалците безбедно да поминат низ нашата територија, за потоа по притисок на голем број членки на ЕУ ја затвори границата и крене ограда.

Сегашната влада, пак очигледно има намера да ја менува оваа политика и изготви стратегија и акционен план за згрижување на мигрантите во земјава .Според  таа стратегија Македонија  ќе треба да обезбеди изградба на кампови, преку 100 згради и населби во кои тие ќе бидат долгорочно сместени. Меѓу другото  Македонија ќе треба да  им обезбеди вработувања  и социјална помош на бегалците. Граѓаните се побунија и побараа од владата да се откаже од ваквите планови, а беа организирани и неколку масовни протести. Во речиси дваесетина општини беа донесени и одлука за одржување на референдуми по ова прашање, кои требаше да се одржат оваа недела. Но, Државната изборна комисија под притисок на власт, која стравува дека референдумите може да му наштетат на нивниот рејтинг на локалните избори, неоправдано ги забрани.



Мери Ѓорѓиевска


Прочитај повеќе »