Завршува изборната кампања - партиите во трка за повеќе гласови

demo-image
На полноќ завршува кампањата за локалните избори закажани за в недела. Партиите учеснички уште неколку часа ќе се обидат да ги добијат симпатиите на гласачите, ветувајќи им решение на нивните проблеми, но и инвестиции во нови проекти. Овие локални избори во македонскиот блок силите главно ги одмеруваат партиите преку коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
 
ВМРО со централен минитинг од Скопје, а СДСМ од Охрид ќе упатат и последни политички пораки пред изборниот молк утре, кога ќе запре секое политичко рекламирање.
 
Ако за претходните парламентарни избори , карактеристични беа фантомите со кои Социјалдемократите ги обвинуваа ВМРО ДПМНЕ, извештајот на ОБСЕ утврди дека избирачкиот список кој ќе се користи на изборите в недела е истиот. Правејќи споредба на изборните циклуси кои и се случиле на Македонија, професорката Тања Каракамишева вели ова предизборие доби негативен белег по бројните инциденти кои го одбележаа. Но главна карактеристика е тоа што надлежните институции останаа без конкретен одгвор за секој одделен случај. 

Упатените велат ова предизборие се слушнаа секакви ветувања, но кампањата која се водеше по медиумите, политичките партии споменаа големи проекти кои ќе значат реализација на долгогодишни проблеми. Сепак велат двете најголеми македонски партии, не пропуштија и во изборна кампања да си упатат обвинувања на сторен криминал. Главно медиумската кампања ја одбележаа и промотивните спотови кои Социјалдемократите ги имаа направено за како што велат познавачите, оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ како политички опонент, што не беше случај и од другата страна. Аналитичарот Божиновски за Алфа прави анализа на вокабуларот кој политичките чинители го користеа за време на целата изборна кампања.

Од вчера Општинските изборни комисии го добија и доверливиот материјал неопходен за спроведување на изборите. Во недела сите и 3840 избирачки места треба да бидат отворени навреме, со што ќе започне првиот круг од гласањето за избор на нова локална власт. Две недели подоцна на 29-ти октомври треба да се одржи и вториот круг за гласање, онаму каде кандидатите нема да го обезбедат потребното мнозинство. 

Ивана Соколовиќ Најдова 



Прочитај повеќе »