Дуел на шампионите во Блауграна

demo-image

Од 19 часот почнува натпреварот меѓу Химки и Валенсија. Во истиот термин стартува дуелот Жалгирис - Црвена Звезда додека за 21 часот закажан е почетокот на мечот во кој Барселона го пречекува Панатинаикос.

Новата сезона во елитното европско клупско натпреварување почна со сензација. Уникаха на стартот славеше над бранителот на трофејот Фенербахче совладувајќи го со 68:67. Во останатите мечеви Реал Мадрид како гостин го совлада Анадолу Ефес со 88:74, гостинска победа од 88:71 забележа Макаби против Бамберг, Олимпијакос ја совлада Басконија со 75:64 додека московска ЦСКА триумфираше над Милано со 93:84.



Прочитај повеќе »