Нов бран - три нови случаи на партиски непотизам во Министерство за здравство

demo-image
Заминува од позицијата министер за здравство, а во јавните здравствени установи а вработува свои и роднини на функционери на СДСМ. Во управниот одбор на ПЕТ – центарот се смести Драган Милошев, брат на Владимир Милошев - државен секретар во министерството. Ова решение веќе е потпишано и од претседателот на Владата, Зоран Заев и е правосилно од денот на објава во Службен весник. 

Пред да реши да се трка за градоначалник на Гостивар, си обезбеди продолжена рака преку својот братучед, Генц Таравари кој е член на управниот одбор на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас.

Но според Таравари, не станува збор за вработувања. Тој за Алфа рече дека ниту Милошев ниту неговиот братучед Генц не се вработени, туку само се членови на управните одбори на установите.  

Претходно партизацијата и непотизмот во здравството се покажа со назначувањето на Борче Петковски за член на УО на Кардиологија. Последен во бранот незаконски разрешувања и назначувања партиски војници на челните позиции во здравство, е назначен Драган Милошев. 

Инаку и назначувањето на неговиот брат Владимир, за државен секретар во Министерството за здравство не помина без црна дамка. Уште во јули неколку медиуми објавија дека постои сомнеж во законитоста на неговото именување за државен секретар во министерството. Според Законот за административни службеници, државниот секретар во ресорното министерство го назначува министерот од редот на вработените во самото министерство, а не како во овој случај претседател на општинската организација на СДСМ во Штип. Владимир Милошев кој по професија е специјалист по максилофацијална фирургија беше вработен во клиничката болница во Штип.


Елена Ставровска - Севриевска


Прочитај повеќе »