Законот за двојазичност на пленарна седница:ВМРО-ДПМНЕ револтирани, СДСМ молчат, а на ДУИ многу им се брза

demo-image
Тензии и револт од опозицијата за кршење на законските процедури за законот за јазиците од една страна, молк и нереагирање од страна на СДСМ – денешната собраниска седница заврши без и да почне расправата за спорниот закон. 

Опозицијата реагира за злоупотребата на европското знаменце со кое власта сака набрзина да го прогласи законот за правосилен. Го обвинуваат Џафери дека го крши Деловникот. “Јас одлучувам„, вели Џафери.

Дека матично собраниско тело за законот е Комисијата за политички систем а не таа за европски прашања деновиве реагираа и уставните експерти – кои пак никогаш не беа консултирани. Истите предвидуваат поголем јаз меѓу граѓаните ако законот се донесе. На иста линија е и опозицијата

Од партијата не се откажуваат од барање јавна дебата за предлог законот, оти е од општ и суштински интерес за сите граѓаните. 

 Искра Коровешовска


Прочитај повеќе »