Со 336 набљудувачи ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи процесот на набљудување за Локалните избори

demo-image
Со 336 набљудувачи Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР на 15 октомври ќе го следи процесот на набљудување за Локалните избори 2017. Тие ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје.

Амбасадорката Одри Гловер, шеф на мисијата, посочи дека 16 експерти на ОБСЕ/ОДИХР се веќе во земјава, а ним неделава ќе им се придружат уште 20 набљудувачи, кои ќе бидат распоредени на секаде, во тимови по двајца, започнувајќи од понеделник. Пред локалните избори ќе допатуваат уште 300 краткорочни набљудувачи лоцирани во сите општини.

- Важно е да се каже дека ние само ги набљудуваме изборите и не се мешаме во процесот, за којшто само известуваме. Набљудувачите, внимателно ќе го следат процесот на регистрација на кандидатите и гласачите, кампањските активности, работата на изборната администрација и соодветните владини институции, изборната регулатива и нејзината имплементација и решавањето на изборните спорови, рече шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, амбасадорката Одри Гловер.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ја оценува усогласеноста на изборите со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори, како и со домашните прописи.

Како дел од процесот на набљудување Мисијата исто така ќе го следи и известувањето на медиумите за кампањата.
Најавени се средби со претставници на власта, политичките партии, со кандидатите за градоначалници, и со претставници на граѓанскиот сектор и медиумите.

На денот на изборите набљудувачите ќе го следат отворањето на глчасачките места, гласањето, броењето на гласачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

Борис Грујоски


Прочитај повеќе »