Нафта истече во територијалните води на Кувајт

demo-image

Службите за справување со хаварии на Кувајт се борат со последиците од истекувањето нафта вчера во територијалните води на емиратството покрај јужното наоѓалиште Рас ал Зур, изјави денеска портпаролот на кувајтската Национална нафтена компанија, Талал ал Халед ал Сабах.

- Екипите за брза реакција се уште се обидуваат да ја преземат контролата врз нафтената дамка покрај наоѓалиштето Рас ал Зур, изјави Ал Сабах.

Според порапаролот службите ќе почнат да го расчистуваат крајбрежјето, откако ќе утврдат дека нема нови истекувања. 

Компанијата засега не ги соопштува причините за истекувањето на нафтата и размерите на несреќата, но според експерите нафтата истекла од стар нафтовод и станува збор за најмалку 35 илјади барели. 



Прочитај повеќе »