Нема повеќе интерес за бродската линија Охрид - Подградец

demo-image
 По три години откако за прв пат од охридското пристаниште тргна првиот брод кој вплови на пристаништето во Подградец, Р. Албанија - нема интерес за оваа бротска линија, за која се водеа повеќедецениските преговори помеѓу соседните земји од двете страни на езерото.

-Тенденцијата на опаѓање на бројот на патници уште тогаш ја предвидов. Поградец како Поградец не е голема атрактивна дестинација, оние што имаа некаква радозналост ја задовилија.Сега за сега гледам дека нема такви групи кои што им бараат на бродарите да одат во Поградец. -Изјава Горан Устијаноски-Капетанија на пристаништа.

Бродската линија не е укината, но оваа година воопшто не е реализирана нити една тура. Таа линија не е суштински важна нити за односите на двете земји, нити за бродарството нити за туризмот-додава првиот човек на капетанијата.

Наспроти очекувањата, воведувањето на бротската линија Охрид-Поградец не ја зголеми туристичката понуда, бидејќи се’ зависи од понудата и побарувачката на туристичкиот пазар.Од тие причини бродовите не пловат нити кон Струга и покрај инсистирањата на хотелиерите кои на оваа тема разговараа и на последниот состанок на ХОТАМ.

- Отварање на бротски линии во езерата во Македонија со кои би се допринело на полесен транспорт.Имавме пример од еден од колегите што беше присутен тука што ни појасни дека во 1960 и некоја година дека патувал со брод на работа од Охрид до Струга ,значи да не зборуваме денеска дека таква линија не постои.-Изјава Крсте Блажески-претсед.на ХОТАМ.

- Кон Струга нема таква голема туристичка атрактивност, мал е бројот на луѓе, а од друга страна јавниот превоз е многу ефтин.Бротската карта и да има таква линија би била многу поскапа и тоа би ги одвраќало луѓето да одат кон Струга.-Изјава Горан Устијаноски-Капетанија на пристаништа.

Иако од капетанијата потенцираат дека бродовите се сопственост на приватни лица кои работат на пазарен принцип и никој не може да им наложи каде да пловат, хотелиерите не отстапуваат-за воведување на нови бродски линии,испратиле барање до соодветните надлежни институции.


Росица Голабоска



Прочитај повеќе »