Умерен земјотрес го погоди Бодрум

demo-image

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска турското одмаралиште Бодрум, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“, кој се повикува на Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби. 

Во Бодрум изминатите денови се регистрирани неколку земјотреси, при што најсилниот беше со интензитет од 5,1 степен и се случи на 8 август.

Земјотресот со 5,1 степен беше регистриран три недели по земјотресот од 6,6 степени, во кој загинаа две лица на блискиот грчки остров Кос. 



Прочитај повеќе »