Даштевски: Со Законот за јазици Македонија станува бинационална држава

demo-image
Потпишувањето на Охридскиот рамковен договор Македонија ја направи држава со мултинационален карактер во која сите етнички заедници добија еднакви права. Рамката која како таква беше формулирана пред 16 години е одличен пример за тоа како треба да функционира едно мутлиетничко општество и од тоа не смее да се отстапува. Вака, аналитичарот Александар Даштевски го коментира рамковниот договор – документ на кој стојат потписите на лидерите на најголемите политички партии во тоа време, ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП и претседателот Борис Трајковски. 

Воведувањето на втор службен јазик на територијата на целата држава, како што тоа го наложува новиот предлог закон за употреба на јазиците е спротивно на членот 7 до Уставот на РМ, вели Даштевски. Според него, со овој закон се излегува од рамките на охридскиот договор и се фаворизира една етничка заедница. 

Даштевски вели дека еден од уловите за формирање на новата влада помеѓу СДСМ и албанските партии беше токму законот за јазиците, па затоа се инсистира тој да мине брзо и без консултации со стручната јавност. 

На големите пропусти во законот реагираа и голем број истакнати професори и академици, кои предупредуваат дека тој треба да се разгледува во поширок контекст за да се сфати неговото значење и последиците што ќе ги предизвика врз унитарноста на државата и општествениот интегритет на РМ. 

Професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова, го нарече „право во границите на политиката, наместо политика во границите на правото“, посочувајќи дека со Закон не можете да смени ниту да се дополни Уставот, а како ваков тој ги надминува уставните рамки. 

Биљана Божиновска 

Прочитај повеќе »