ВМРО-ДПМНЕ: Судот да не подлегнува и одлучува по сугестии и притисоци

demo-image
 Според Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кривичните постапки на Специјалното јавно обвинителство се тенденциозни и целосно политички мотивирани, а барањата за притвор за раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднесени до апелација се обид за притисок врз судот да не ги поништи неоснованите одлуки за одземање на патните исправи.

- Мерките за обезбедување присуство побарани од СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани, без докази и крајно неаргументирани. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ  нема намера да се впушта во бегство, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и закон. Дека тоа е така доказ е и образложението на првостепен суд каде што се образлагаат мерките за одземање на патните исправи, а каде не наоѓа и не наведува ниту една причина за одземањето, а тоа очигледно е донесено под политички притисок, изјави Ѓорѓиевски. 

Тој потенцираше дека лицата од раководството на партијата со оглед на честите патувања поради партиската функција ако сакале да избегаат тоа можеле да го направат безброј пати. 



Прочитај повеќе »