Заврши 14-дневниот рок на Катарците за напуштање на арапските земји

demo-image

 На Катарците кои требаше да ги напуштат соседните земји од Персискиот залив денеска им заврши 14-дневниот рок.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар на 5 јуни, повикувајќи ги неговите граѓани да ги напуштат нивните територии за две недели. Подоцна беше соопштено дека ќе бидат направени исклучоци кај мешаните бракови.

Земјите од Заливот го обвинуваат Катар дека поддржува исламистички и терористички групи, но Доха ги оцени обвинувањата како политички мотивирани.

Државниот министер за надворешни работи на ОАЕ, Анвар Гаргаш изјави денеска дека моќните соседи на Катар ќе продолжат да го изолираат и во следните години доколку не ја промени својата политика на екстремизам и џихадизам.

Гаргаш истакна дека во следните денови ќе биде завршен списокот со барања, упатени кон Катар, а Доха ќе треба да се откаже од позицијата на „демантирање“.



Прочитај повеќе »