Црна Гора врати 40 тони овошје и зеленчук поради пестициди

demo-image

Од гранични премини во Црна Гора од седми јуни до денеска вратени се 40 тони овошје и зеленчук поради присуство на поголемо количество пестициди од дозволеното.

Управата за безбедност на храната и фитосанитарни работи соопшти дека спречила 12 небезбедни пратки на разни видови храна - зеленчук, овошје, храна за деца, храна за животни, сокови, зачини да се најдат на црногорскиот пазар.

Дел од црногорските медиуми објавија дека вратени се над 40 тони лимони, лубеници, праски и пиперки во кои е утврдено поголемо присуство на пестициди од дозволеното.

Концентрацијата на пестициди во лимоните била дури 16 пати поголема од дозволеното, во пиперките - девет, а во лубениците двојно повеќе.

Државите од каде се испратени камионите со производите полни со пестициди се известени во согласност со принципите на меѓународната трговија. 



Прочитај повеќе »