Советот на ЕУ ги продолжи санкциите за компании од Крим

demo-image

Советот за надворешни работи на Европската унија утринава ги продолжи ограничувачките мерки како одговор на „нелегалната анексија на Крим и Севастопољ од страна на Русија на 23 јуни 2018 година“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Санкциите треба да ги спроведуваат лицата од ЕУ и фирми со седиште во Унијата и се однесуваат на компании на територијата на Крим и Севастопољ.

Санкциите што ЕУ ги продолжи вклучуваат забрана за увоз на производи со потекло од Крим или Севастопољ во Унијата и на инвестиции во Крим или Севастопољ, што значи дека ниту еден Европеец, ниту компанија со седиште во ЕУ, не може да купува недвижен имот или субјекти во Крим, да ги финансира компаниите во Крим или да ги снабдува со услуги оние што се поврзани со нив.

Исто така, туристичките услуги на Крим или Севастопољ, особено европските бродови за крстарење, не можат да се запираат во пристаништата на Кримскиот Полуостров, освен во случај на вонредна состојба.

Санкциите се однесуваат и на извоз на одредени стоки и технологии на компаниите од Крим или за употреба во Крим, во секторот за транспорт, телекомуникации и енергетика и се поврзани со пронаоѓање, истражување и производство на нафта, гас и минерални суровини.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, донесоа одлука и дека не смее да се обезбедува техничка помош, посредување, градежништво или инженерски услуги поврзани со инфраструктурата во овие сектори.

Како што е наведено во декларацијата на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, „Унијата и натаму ја осудува илегалната анексија на Крим и Севастопољ од страна на Руската Федерација и останува посветена на целосно спроведување на нејзините политика на непризнавање“. 



Прочитај повеќе »