Почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

demo-image

Со претставата „Лажговци во неволја“ од денеска на отворената сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Претставата „Лажговци во неволја“ од Ентони Нилсон е во режија на Здравко Митков и во продукција на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, Република Бугарија.

За време на фестивалот ќе бидат изведени седум претстави од Македонија и странство. 

Фестивалот има натпреварувачки карактер и ќе бидат доделени четири парични награди за најдобра режија, најдобра машка и женска улога и гран при за најдобра претстава. За наградите ќе одлучува тричлена жири комисија.

Сите претстави почнуваат во 21 часот, а влезот е бесплатен.

Годинава, фестивалот се одржува по четврти пат со што прерасна во традиционална манифестација. Фестивалот го организира Театар Комедија со финансиска поддршка од Општина Аеродром и Министерството за култура. 



Прочитај повеќе »