Матис: Сирија не го предаде целото хемиско оружје

demo-image

Нема сомнеж дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад го прекрши договорот за предавање на целиот хемиски арсенал, со тоа што задржал дел од хемиското оружје, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Тој, на заедничка прес-конференција со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во Тел Авив, посочи дека тоа е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации и оти тоа прашање треба да се разгледува на дипломатско ниво.

Либерман одби да ги коментира наводите на израелското разузнавање дека Сирија се уште поседува од еден до три тони хемиско оружје.

- Израел располага со стопроцентна информација дека режимот на Асад употребил хемиско оружје против бунтовниците, истакна Либерман.

Матис наведе дека изминатите денови, по американските ракетни напади врз авиобазата во провинцијата Хомс на 7 април, сириската воена авијација ги распоредила авионите на различни локации.

Предвидено е при престојот во Израел, Матис да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 



Прочитај повеќе »