Будимпешта:Претседателот Иванов со благодарност до Унгарија за иницијативата за отфрлање на Тиранската платформа

demo-image
 Европската унија но и НАТО внимателно да ја разгледаат реалноста со која се соочува Македонија и нашиот регион. Во овие тешки моменти треба да испратат порака за нашата Европска и Евроатлантска перспектива а не да ја блокираат Македонија веќе долг период, кажа Иванов на средбата со унгарскиот претседател Адер Јанош. Тој се заблагодари јавно на Унгарија што ја покрена иницијативата во Европскиот Совет да се осуди и отфрли Тиранската Платформа, нагласувајки дека сето она што го преземал како Претседател на Р.М. е она што му го овозможува Уставот.

Иванов нагласи дека ургентно е потребно конститутивната седница на Собранието на РМ да биде завршена, да се избере претседател и да  можат активностите кои ги имаме како држава, нормално да се спроведуваат
Во поглед на ЕУ и НАто интеграцијата Претседателот Јанош изјави дека повеќе од 10 години се давале лажни надежи за Македонија и дека сега е времето за вистински преговори за јасна стратегија на Балканот.

Во врска со мигрантската криза успешната соработка меѓу двете држави продолжува. Унгарскиот претседател истакна дека Унгарија е една од државите кои на Македонија и даде безрезервна поддршка и помош за справување со илегалната миграција но и дека и должат благодарност на Македонија за успешното справување со мигрантската криза.  Доколку пак се зголеми опасноста од нов бран треба да сме спремни. Да се работи на план за техничка , финансиска помош како и зголемување на силите на границата со Грција.

Претседателот Иванов денес оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот на Унгарија Ласло Ковер. Имаше и интервју за познатиот унгарски весни Маџар Хирлаб.


Лепа Џундева


Прочитај повеќе »