Грчки медиуми: Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија

demo-image
 Во последната анализа на весникот “Катимерини” се вели дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ја загуби власта, ќе пропаднела и десетгодишната политика на “македонизмот”. 

Дел од најтиражните грчки весници заземаат јасен став против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот и поддржуваат федерализација на Македонија, со која што ќе се решеле и спорните прашања со Грција, како името и симболите.

Во анализа на солунскиот весник “Македонија” се поздравува тиранската платформа и можноста за федерализација на Македонија. 

- „Федерализација на Скопје ќе донесе придобивки за грчката надворешна политика, со оглед на тоа што ќе ги стави на маса сите прашања што не засегаат, од името до симболите и националната химна. Федералната држава нема да биде држава на “Македонскиот народ”, туку федерација која што ќе ја сочинуваат повеќе националности, под претпоставката дека Македонците се националност”.

За грчкото јавно мислење се чини и дека нема дилема дека на евентуални нови избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски.  За Заев ова е последна шанса, Груевски ќе победи ако има нови избори, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

- „Лидерот на втората партија во редот за формирање влада, Зоран Заев, кој што заедно со Албанците го формира владиното мнозинство, знае дека можеби нема да има друга ваква шанса, затоа што ако во земјата се одржат нови избори, Груевски може да победи прогласувајќи го за “национален предавник”.  А во однос на третата страна, Албанците, најголемиот момент после потпишувањето наОхридскиот договор во 2001 ва е токму сега. Сега е всушност момент да се направи уште еден голем чекор кон федерализација на земјата и оттогаш натаму во следните години веќе се ќе биде можно”.

Во продолжение на текстот шефот на државата Иванов се обвинува за наводно грубо кршење на Уставот, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски за национализам.

“Катимерини” пишува дека ваквата домашна криза досега вообичаено ќе беше решена пред се од страна на Американците, со помош од Европејците, но промената на власта во САД создала опасен вакуум во моќта на Балканот, кој што наводно се експлоатирал од страна на Москва. Во анализата со незадоволство се коментира и процесот што влијателни американски сенатори го покренаа против американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, имплицирајќи дека токму Груевски стоел зад целата работа.



Прочитај повеќе »