Расте заинтересираноста кај децата за изучување странски јазици

demo-image
Заинтересираноста за изучување на странски јазици кај децата е се поголема. Кога се на најрана возраст децата лесно го приемаат новиот јазик со кој се запознаваат. Тие учат преку игра, без да го доживуваат курсот како потешкотија. Истовремено, кај нив се развива моториката, креативноста, љубопитноста, фантазијата и иницијативата. За првпат се наоѓаат во средина каде се социјализираат и искусуваат работа во група, со што се негува вредноста на споделувањето но и се работи на нивната самодоверба.Професорите велат дека најдобра возраст за изучување на странски јазик е кога детето полнува во училиште.

Децата емотивно се врзуваат за нивниот наставник, што резултира со желба да ги импресионираат со знаење. Брзо учат во средина во која им е удобно и ја доживуваат како катче на кое сакаат постојано да му се навраќаат. На часовите се обработуваат теми од нивното секојдневие. Оттаму, тие за кратко време започнуваат да размислуваат на јазикот кој го изучуваат, па дури и да ги користат научените фрази од секојдневниот говор.



Милена Вучевска


Прочитај повеќе »