Груевски: ќе понудиме документ за излез од кризата и за зачувување на унитарноста на државата

demo-image
Народот мора да ја одбрани својата држава, затоа што може да ја нема ако биде оставена на еден човек и неговите сценаристи, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во изјава за национална телевизија. Според него, главната цел на стратегијата на Зоран Заев е рушење на унитарноста на државата. 

– Нашата партија ќе се однесува демократски. Народот никој не може да предвиди што ќе прави. Народот е над политичарите. Тој што оди против волјата на народот и ги руши неговите интереси, тој нека мисли што може да го снајде од народот, вели Груевски.

Тој предупредува дека социјалдемократите наголемо се пазарат со националните интереси на државата, одбивајќи да отстапат од албанската платформа која директно задира во внатредржавните работи на Македонија. 

Во контекст на моменталната состојба во Македонија и политичката криза која скоро три години и носи штета на државата, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е подготвен и на лична жртва, само Заев да ја остави Македонија на мира и да не ја распарчува.

- Доколку Заев го донесат албанските партии го донесат на позиција, ние му нудиме да сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија,а тоа е 51 пратеник да гласаат за неговата Влада и тој да биде премиер, сите министри во Владата да бидат од СДСМ и ниту еден од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да одат во опозиција, а да му ја поддржат Владата и тоа е еден вид на малцинска влада. Малцинска влада е поддржување на владата од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат Владата на поразениот. Иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи разнебитувањето на државата, бинационалноста, како и  откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија, изјави Груевски.

По отворената понуда која ја упати до Заев да се откаже од тиранската платформа, а за возврат да добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за малцинска Влада, Груевски во синоќешното гостување на Канал 5 повтори дека брзи парламентарни избори заедно со локалните  е едно од двете решенија со кои ќе се надмине политичката криза. 

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како партија се подготвени веќе од следната недела да понудат документ кој треба да го прифатат сите политички партии кој ќе значи зачувување на унитарноста и излез од кризата. Документот кој ќе го понудат од ВМРО како што рече Груевски, треба да спречи и промена на името по грчки терк и федерализација која значи распарчување на државата. 


Ивана Соколовиќ Најдова 



Прочитај повеќе »