Осум милиони евра за подобра инфраструктура за Македонците во Гора

demo-image
 Деновиве почна реализацијата на првата фаза од проектот вреден 8 милиони евра, кој се однесува на подобрување на инфраструктурата во областа Гора, во северниот дел на Албанија, предел во кој се наоѓаат девет села со македонско население.

Според електронското издание на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија, инвестицијата е дел од проектот „Подобрување на локалната инфраструктура” што го реализира Фондот за развој на Албанија со финансиска подршка од Германската банка КФВ, ИПА Програмата на ЕУ и албанската влада.

- Во моментов, покрај работите на проширувањето и асфалтирањето на патот кој ги поврзува селата во областа Гора, со забразна динамика се работи и на изградба на канализациска мрежа во Шиштавец. Со проектот, за ова село се предвидува и улично осветлување, како и обновување на фасадите на зградите од двете страни на главниот пат во селото, пишува весникот.

Според истиот извор, по асфалтирањето на патот Кукс - Шиштавец во 2015 година, ова е најголема инвестиција во областа Гора, со која не само што се подобрува инфраструктурата, а со тоа и условите за живот, туку овозможува и привремено вработување на локалното население.



Прочитај повеќе »