Ноќ на домаќините во НБА лигата

demo-image
Кливленд го забележа вториот пораз во низа откако на гостувањето кај Портланд загубија со 102:86.
Леброн Џејмс забележа дабл-дабл учинок од 20 поени и 11 скока на кои Кевин Лав додаде 17 и Кајри Ирвинг 11 комплетирајќи го триото двоцифрени кај гостите.

Портланд до победата ги предводеше Си Џеј МекКолум со 27 поени.

Низата на победи заврши и за Хјустон кој со 119:105 беа поразени од Минесота.

Новиот одличен настап на Џејмс Харден од 33 поени и 12 асистенции овој пат не беше доволен за победа.

Кај Минесота најефикасен со 28 поени беше Ендру Вигинс. 

На останатите натпревари се постигнаа следниве резултати: 
Филаделфија -Њујорк 98:97, Бостон  -Вашингтон 117:108, Оклахома –Мемфис 103:95 и Лос Анџелес Клиперс –Орландо 105:96. 



Прочитај повеќе »